Top Sport

Тренерот на Еспањол искрен: Барса нека уживаат додека го имаат Меси

Откако неговиот клуб загуби со 0:2 во каталонското дерби по магичните два гола на Лео Меси, тренерот на Еспањол, Руби им препорача на градските ривали да уживаат додека во тимот го имаат Аргентинецот.

Гостите направија сè што можат да го заддржат бројот 10 на Блауграна и неговите соиграчи на „Ноу Камп“, меѓутоа прво во 71. минута Меси постигна гол од фантастичен слободен удар, за да додаде уште еден во последната минута.

„Ви советувам да уживате во Меси додека уште игра. Тој е уникатен фудбалер и кога не игра, веднаш се забележува. Имав среќа да го гледам со годии како тренер. Нашиот дефанзивен план функционираше добро, но во напад не бевме добри. Знаевме дека тука ќе биде тешко да ја заддржиме топката“, вели Руби, кој работеше како асистент на Тито Виланова во Барселона.

Меси со два удари го „уби“ Еспањол и го реши градското дерби (видео)

Scroll to Top