Давид де Хеа го израмни рекордот за најмногу одбрани во меч од Премиер лигата, со најдобри перформанси во последните 14 години, за да помогне Манчестер јунајтед да се врати со 3:1 победа од гостувањето кај Арсенал.
27-годишниот Шпанец имаше 14 одбрани, со што го израмни рекордот кој досега го делеа Тим Крул (Њукасл-Тотенхем во ноември 2013) и Вито Маноне (Сандерленд-Челси во април 2014). Де Хеа посебно импресионираше со двојната одбрана во второто полувреме по обидите на Александер Лаказет и Алексис Санчез.
Во статистиката нема податоци пред сезоната 2003/04.
Жозе Мурињо нормално беше ипресиониран.
„Му кажав по мечот, тоа што го видов денеска беше најдобриот голман на светот. На големите мечеви ти е потребен голман во кој ќе веруваш. Мечот беше феноменален, и морам да признаам дека во одредени делови Арсенал играше фантастично“, изјави Мурињо.
Јунајтед не го „паркираше автобусот“, се врати со победа од Лондон (видео)