Top Sport

Јунајтед не го „паркираше автобусот“, се врати со победа од Лондон (видео)

Иако пред дербито многу коментатори очекуваа Жозе Мурињо да го „паркира автобусот“ и да се брани на „Емирати“ против старите ривали Арсенал, Манчестер јунајтед стигна до импресивна 3:1 победа за да дојде до пет поени до Манчестер сити, кои утре играат против Вест Хем.

Мечот беше „свртен“ наопаку во првите 11 минути – прво Антонио Валенсија го шокираше Петр Чех во 4. минута, за само седум минути подоцна, Џеси Лингард да ја продолжи одличната форма со гол и со големи 0:2 на „Емирати“.

По, ова Арсенал доминираше во поголемиот тек од првото полувреме, но Јунајтед на голот го имаа фантастичниот Давид де Хеа.

На стартот на второто полувреме, Александер Лаказет, конечно, искористи шанса да намали на 1:2 и да ја загрее атмосферата кај фановите на „топчиите“, меѓутоа Лингард со својот втор гол во 63. минута го обезбеди триумфот.

Пол Погба, кој претходно направи вистинска бура со изјавата дека сака ривалските играчи од Манчестер сити да се повредат, направи неспортски потег, кога го „нагази“ Ектор Белјерин во 74. минута и доби директен црвен картон. И покрај бројната надмоќност, тимот на Арсен Венгер не успеа да го најде патот до голот на Давид де Хеа.

Арсенал остануваат на петтото место, но со дури 12 поени помалку од лидерите Сити.

Неверојатно од Погба: Се надевам дека играчите на Сити ќе се повредат

Scroll to Top