Top Sport

Де Хеа и Погба неизвесни за Партизан

Давид Де Хеа и Пол Погба го пропуштиле последниот тренинг на Манчестер Јунајтед пред дуелот со Партизан во Белград, во рамките на третото коло во Лига Европа.

Експедицијата на Јунајде во средата пристигна во Белград, а менаџерот Солскјер решил екипата да не тренира вечерва.

Погба поради повредата на скочниот зглоб ги пропушти последните три натпревари на Манчестер Јунајтед. Францускиот репрезентативец изминатиот период беше на рехабилитација во Дубаи.

Де Хеа се повреди настапувајќи за Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2020. Сепак и покрај повредата тој во неделата беше на голот на натпреварот со Ливерпул (1:1).

Охрабрувачки за Солскјер се информациите дека последниот тренинг го одработиле Арон Ван-Бисака, Антони Марсијал и Џеси Лингард.

Натпреварот во Белград ќе започне во 18.55 часот.

На табелата во Л-групата Паризан и Јунајтед имаат по четири бода, АЗ Алкмар два, а Астана е без освоен бод.

Scroll to Top