Top Sport

Ќе се фузираат холандската и белгиската лига

Холандија и Белгија сериозно работат на проектот за обединување на националните фудбалски првенства. Според информациите од овие земји плановите за формирање на „супер-лига“ биле во завршна фаза.

Холандија и Белгија се надеваат дека обединувањето ќе го зголеми квалитетот, односно дека една таква лига ќе може да им се доближи на во моментов петте најквалитетни национални шампионати во Европа.

Лигата треба да бори 18 екипи, десет од Холандија и осум од Белгија.

„Белгискиот фудбал влегува во една модерна фаза. Можеме да се пробиеме на еден пазар кој има 28 милиони жители. Нов состанок ќе одржиме оваа недела. Доколку не успееме да започнеме од наредната сезона, тогаш стартот на новата лига го очекувам за две години“, рекол претседателот на Клуб Бриж, Барт Верхеге.

Според информациите двете страни останале да ги испеглаат разликите околу телевизиските права.

Scroll to Top