Top Sport

Де Хеа: Јас сум виновен за поразот

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа, ја презеде одговорноста за катастрофалниот пораз од Брентфорд, во второто коло.

„Црвените ѓаволи“, на гостувањето во западен лондон, загубија со 4:0. Брентфорд головите ги постигна во првото полувреме, од 10. до 35.минута.

„Денеска го чинев тимот. Бев ужасен, ова беше ден за заборав. Моравме да играме подобро, морав да го одбранам првиот удар и се ќе беше поинаку. Понекогаш требаше подобро да ја читам играта“, изјави Де. Геа, кој самиот застана пред камерите на „Скај спорт“.

Манчестер Јунајтед по две кола е заглавен на дното во Премиер лигата. Немаат бодови и гол разликата им е 1:6.

Scroll to Top