Top Sport

Де Хеа ќе го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

Давид де Хеа, ден по елиминацијата на Манчестер јунајтед од Лига Европа, реши потпише нов договор со клубот од „Олд Трафорд“. Англиските медиуми тврдат дека двете страни ги договориле сите услови и Шпанецот ќе потпише нов повеќегодишен договор со англискиот гигант.

Актуелниот договор на 32. годишниот голман истекуваше на крајот од оваа сезона. Имаше понуди од други клубови, но на крајот ги одби сите и реши да остане во Манчестер јунајтед.

Де Хеа мораше да прифати помала плата. Заработуваше речиси 20 милиони фунти по сезона, но се согласи на помали примања за да остане на „Олд Трафорд“.

Се уште не се познати деталите од договорот, а клубот наскоро треба да го официјализира продолжувањето на соработката со шпанскиот голман.

Искусниот голман пристигна во Манчестер јунајтед во 2011 година од Атлетико Мадрид и одигра 535 натпревари за еден од најголемите клубови во светот.

Со „црвените ѓаволи“ го освои последниот трофеј во Премиер лигата во 2013 година, а ја освои и Лигата на Европа, ФА Купот, Лига купот и ФА Комјунити Шилд.

Сигурно е интересно што одлуката за продолжување на соработката доаѓа по катастрофалниот настап на шпанскиот голман на натпреварот од Лига Европа против Севиља.

Де Хеа заедно со Хари Мегваер е главниот виновник за дебаклот на „црвените ѓаволи“ во Севилја.

Scroll to Top