Top Sport

Селта нема да го продаде Веига, може да замине само доколку биде активирана откупната клаузула

Селта нема да преговара за продажба на големиот талент Габриел Веига (20), туку ќе инсистира да биде активира клаузулата за продажба на играчот во висина од 40 милиони евра, изјави претседателот на клубот Карлос Мурињо.

Суперталентираниот Шпанец оваа сезона го привлече вниманието на големите европски клубови, демонстрирајќи врвни квалитети, пишува новинската агенција ДПА.

Брилијантниот млад игра од средниот ред досега постигна девет гола на 20 натпревари и неговото име почна да се поврзува со европските гиганти како Ливерпул, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

„Клаузулата е позната, нема да го продадеме, ќе мора да го купат од нас“, изјави Мурињо за радиото „Кадена СЕР“.

„Повторувам, никој не мора да преговара, бидејќи нема да го продадеме. Знаеме за интересите на клубовите, кои се јавија и кои веќе разговараа со Габри, во чии раце всушност лежи одлуката. Ве уверувам дека има тимови од Англија, Италија и Франција кои се заинтересирани за него. Нашиот одговор до сите е: Не ни се јавувајте, не е на продажба“, изјави на крајот првиот човек на Селта.

Scroll to Top