Top Sport

Де Хеа ќе си оди од Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа одбил да го продолжи договорот. Јунајтед на 28 годишниот Шпанец му понудиле двојно повисока плата,. Тој го одбил новиот договор бидејќи сакал во летниот преоден рок да го напушти клубот.

Клубот од „Олд Трафорд“ на Давид Де Хеа му понудиле неделна плата од 350.000 фунти, што е зголемување за 150.000 фунти, меѓутоа тој повторил дека сака да го напушти клубот. Де Хеа во финишот на сезоната беше далеку од својата најдобра форма, а медиумите пишуваат дека не изборениот пласман во Лигата на шампионите бил пресуден тој да ги прекине преговорите околу новиот договор.

Ситуацијата со Де Хеа внимателно ја следат од Париз. Челниците на ПСЖ биле подготвени да испратат понуда до Манчестер Јунајтед и во исто време да му понудат одлични услови на голманот.

Scroll to Top