Top Sport

Де Хеа од утре е слободен агент и може да го напушти Манчестер Јунајтед

Шпанскиот чувар на мрежата Давид де Хеа од утре ќе биде слободен агент, откако не успеа да склучи договор за нова соработка со Манчестер јунајтед.

Тој цели 12 години е дел од клубот од „Олд Трафорд“, а ова лето долго преговараше за да остане, но раководството му понуди многу пониска плата од досегашната.

Медиумите на Островот открија дека Манчестер Јунајтед понудил 200.000 фунти неделно за нов договор, а тоа не е во плановите на Давид де Хеа, кој има понуди и од Саудиска Арабија.

Scroll to Top