Top Sport

Де Хеа сака да остане во Манчестер јунајтед

Давид де Хеа неодамна го забележа својот 500. настап за Манчестер јунајтед, но Шпанецот сака да остане уште долго на „Олд Трафорд“.
Искусниот голман, кој во понеделник ќе го прослави својот 32. роденден, во моментов не преговара со ниту еден клуб бидејќи се надева дека ќе остане во Јунајтед.

Минатата недела медиумите шпекулираа дека, Ерик Тен Хаг, сака друг голман на местото на Де Хеа. Менаџерот не е задоволен од начинот на кој голманот игра со нога, а најголем проблем е неговата огромна плата.

Познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо потврди дека Де Хеа сака да остане на „Олд Трафорд“.

„Давид де Хеа не е во преговори со други клубови. Тој чека што ќе каже Јунајтед, сака да остане. Одлуката ќе ја донесе Тен Хаг“, напиша Романо.

Се шпекулира дека Шпанецот е подготвен да остане и со намалени примања. оментално заработува 430.000 евра неделно.

Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во летото 2011 година од Атлетико Мадрид.

Scroll to Top