Давид де Хеа не го заврши гостувањето на Шпанија во Шведска, откако поради повреда на потколеницата мораше да го напушти мечот во 58. минута. Тој веднаш беше заменет од голманот на Челси, Кепа Аризабалага и сега е неизвесно дали ќе може да игра овој викенд, кога Манчестер јунајтед ги пречекува лутите ривали Ливерпул во Премиер лигата.
Де Хеа во текот на 2019 беше втор голман на шпанската репрезентација зад Кепа, откако Роберт Морено повеќе му веруваше на Баскиецот, но тој направи клучна грешка при мечот со Норвешка во саботата, правејќи пенал во финишот на мечот кој заврши 1:1, и Де Хеа доби стартна позиција во Стокхолм.
De Gea's incredible save vs Sweden
Back to his best ??#MUFC pic.twitter.com/WXjGPeK7hf
— GK Clips (@GKClips) October 15, 2019