Top Sport

Евро 2020: Родриго ги квалификуваше Шпанците во 92. минута, Финска пред историски пласман (видео)

Репрезентацијата на Шведска беше на чекор до големо изненадување и пред пласман на Евро 2020, откако до 90-тата минута имаше 1:0 водство против Шпанија, пред „фуријата“ да израмни со голот на Родриго во 92. минута, резултат кој ги носи на шампионатот. Босна и Херцеговина, пак, полека ја губи трката со Финска за второ место во групата Ј откако загубија со 2:1 кај Грција.

Напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Давид де Хеа за предност на  „трите круни“, но на крајот тоа не беше доволно за победа. „Среќа“ за Швеѓаните, Романија исто така прими гол во 90-тата минута против Норвешка за 1:1 за да ја искомпликува ситуацијата во групата.

Босна и Херцеговина, пак, најверојатно квалификациите ќе ги бара преку плејофот во Лигата на нации по поразот на „Спирос Луис“ во Атина (2:1), неколку часа откако Финска со 3:0 ја победи Ерменија и дојде на чекор до историски прв пласман на едно големо натпреварување – тие досега (како нас) немаат пласман на ЕП, ниту на СП.

Финска сега има 15 поени на второто место, Босна е втора со 10, колку што има и Ерменија, а Грците се петти со 9 поени. До крајот остануваат уште две кола – Финска ќе игра дома со Лихтенштајн и на гости со Грција, додека Босна и Херцеговина игра дома со Италија и гостува на Лихтенштајн. Италија веќе е прва со осум победи во осум меча.

Швајцарија пак, уште повеќе ја искомпликува ситуацијата во групата Д, откако ја победи Ирска со 2:0. Со овој резултат, Ирците се први со 12, колку што има и второпласираната Данска, додека Швајцарците се трети со 11 поени.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Д

Гибралтар – Грузија 2:3

Швајцарија – Ирска 2:0

Табела: 1.Ирска 12, 2.Данска 12, 3.Швајцарија 11, 4.Грузија 8, 5.Гибралтар 0

ГРУПА Ф

Фарски Острови – Малта 1:0

Романија – Норвешка 1:1

Шведска – Шпанија 1:1

Табела: 1.Шпанија 20, 3.Шведска 15, 3. 2.Романија 14, 4.Норвешка 11, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 3

ГРУПА Г

Израел – Летонија 3:1

Табела: 1.Полска 19, 2.Австрија 16, 3.Македонија 11, 4.Словенија 11, 5.Израел 11, 6.Летонија 0

ГРУПА Ј

Финска – Ерменија 3:0

Грција – Босна и Херцеговина 2:1

Лихтенштајн – Италија 0:4

Табела: 1.Италија 24, 2.Финска 15, 3.БиХ 10, 4.Ерменија 10, 5.Грција 9, 6.Лихтенштајн 2

Scroll to Top