Top Sport

Де Хеа си купува фудбалски клуб, шпанскиот второлигаш Елче

Шпанскиот репрезентативен фудбалски голман, Давид де Хеа планира да купи фудбалски клуб, поточно клубот за кој навива – шпанскиот второлигаш, Елче.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Де Хеа најверојатно за Елче ќе треба да плати само 18 милиони евра.

Голманот е роден во Мадрид, но како што вели, од татко му ја наследил страста кон „зелено-белите“.

Де Хеа, кој брани за Манчестер Јунајтед, пораснал навивајќи за Елче, а на трибините на стадионот „Мануел Мартинез Валеро“ често се појавувал и откако се прослави на „Олд Трафорд“.

Пред две ипол години, кога Елче испадна во трета лига, Де Хеа им испрати порака на Твитер:
„Каде и да се, навивачите на Елче нема да го изневерат клубот“.

Освен голманот на „црвените ѓаволи“, најверојатно постои уште еден заинтересиран купец. Договорот на Де Хеа со Јунајед е до летото 2023 година.

Во моментов,по 10 одиграни кола во Ла лига 2, Елче е на 12 позиција со 13 бода.

Scroll to Top