Top Sport

По две години во НБА, Бен Симонс погоди тројка, на трибините – лудница

Бен Симонс (23), ѕвездата на НБА лигата, австралискиот кошаркар кој ги брани боите на Филадејвија 76-ерс е одличен играч, но за него шут за 3 поени не постои.

Во двете години во НБА немаше погодено ниту еден шут за тројка се до вчера.

Симонс има одиграно 182 меча во НБА. Тој првата тројка во НБА кариерата ја погоди на мечот кој неговата екипа го доби со 144-86 против кинески Гвангжу.

По погодената тројка, настана лудница од воодушевуање во салата.

Scroll to Top