Српскиот кошаркарски репрезентативец, играчот на Далас Маверикс, Бобан Марјановиќ ги шокираше Американците. Според најновите мерења, тој пораснал 1 сантиметар за разлика од минатата сезона.

Според последното мерење пред подготовките за новата НБА сезона, Марјановиќ има 2.23 метри, што е за 1 сантиметар повеќе за разлика од минатата година.

Податоците за српскиот кошаркарски „џин“ во НБА досега беа забележани како „7`3““ инчи, а сега се заведени како „7`4““ инчи.
Н
БА лигата ги заостри проверките пред почетокот на сезоната.

Откриено е дека кошаркарот Бади Хилд има 26, а не 25 години.

Дрејмонд Грин според новите податоци е дури 6 сантиметри понизок, односно 1.95 метри, а не како претходните податоци, 2.01 метри.

Двајт Хауард по новите мерења е висок 2.05 метри, а неговата претходна висина беше запишана како 2.11 метри.
Boban Marjanovic original height:
7’3”
Boban’s height after rule change:
7’4” 😮
— NBA Buzz (@OfficialNBABuzz) October 7, 2019
New NBA measurements:
Draymond Green: 6’7” ➡️ 6’5”
Dwight Howard: 6’11” ➡️ 6’9”
Derrick Rose: 6’3” ➡️ 6’1”
— NBA Buzz (@OfficialNBABuzz) October 6, 2019
New NBA measurements:
Luka Doncic: 6’7” ➡️ 6’6.75’”
Al Horford – 6’10” ➡️ 6’9.25”
Ben Simmons – 6’10” ➡️ 6’9.50”
Joel Embiid – 7’0” ➡️ 6’11.75”
— NBA Buzz (@OfficialNBABuzz) October 5, 2019