Давид де Хеа потпишал нов договор со Манчестер јунајтед по преговори кои траеја (пре)долго, откако клубот „потклекнал“ и се согласил да го направи најдоброплатениот фудбалер на „ѓаволите“, јавија повеќе англиски медиуми.

Де Хеа влегуваше во последната година од договорот со Јунајтед, но во клубот имаше јасна желба да го заддржат и покрај променливата форма во последно време, а Шпанецот сакаше да стане најплатен фудбалер на клубот заедно со Пол Погба, што очигледно му успеало.

Според британските медиуми, обновениот договор ќе биде на пет години и вреди 15 милиони евра по сезона, откако за него претходно покажаа интерес Јувентус, Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид.