Френки де Јонг признава дека добива тактички совети од Лионел Меси прилагодувајќи се на животот како фудбалер на Барселона.
Холанѓанецот ќе треба да ја доигра првата сезона во Ла лига по трансферот од 75 милиони евра од Ајакс минатото лето, откако пристигна со репутација на еден од најталентираните млади фудбалери.
Сепак ,работите не одеа најдобро за 23-годишниот Де Јонг, откако наместо како плејмејкер од длабочина како што играше во Ајакс, прво Ернесто Валверде го стави во поширока улога во средината на теренот, пред новиот тренер Кике Сетиен да го постави понапред во понапаѓачка улога.
„Во Ајакс и во холандската репрезентација имам поинаква улога, но сега играме со двојна шестка (двајца дефанзиви фудбалери од средниот ред). Морам да се адаптирам и да бидам подобар. Најдобар сум кога играм точно во средината, без многу улоги во нападот и во одбраната. Но, ако Лионел Меси ти дава совети, тогаш е нормално да ги слушаш. Понекогаш вели дека треба да одам подлабоко на страна и такви ситници“, вели Де Јонг во интервју за „Би-би-спорт“.
Де Јонг исто откри дека посетата на претседателот на Барса, Жосеп Марија Бартомеу го убедил да замине во Каталонија наместо да ги прифати понудите на ПСЖ, Јувентус или Манчестер сити.
„Ми беше сон да играм за Барса и тие ми беа омилениот клуб надвор од Холандија. Кога дојдоа кај мене и ми кажаа дека сум заинтересиран изборот стана полесен. Бартомеу ми кажа дека Пеп Гвардиола е најдобриот менаџер но дека ако сакам да уживам во животот ќе играм за Барселона“, објаснува Де Јонг.