Една недела откако беа лути ривали на „Ел класико“, Гави и Дани Себалјос мораа да ги поправат односите, инсистира новиот шпански селектор Луис де ла Фуенте пред мечот со Норвешка. Тој отворено зборуваше што видел на тренинзите на „фуријата“.
„Себалјос и Гави покажаа огромен човечки квалитет. Мислам дека ќе го дадат животот еден за друг на теренот“, вели Де ла Фуенте.
Двајцата имаат „историја“ на повеќе конфликти на теренот – кога се сретнаа во Шпанскиот Суперкуп, Себалјос го повлече Гави за коса, а потоа минатиот викенд, Гави намерно го турна Себалјос како реакција на неговиот старт над Роберт Левандовски.
Иако имаа лут конфликт, Себалјос вели дека има „добри вибрации“ со Гави