Top Sport

Кејн, Осимен, Хаверц или некој друг? Реал бара замена за Карим Бензема

Летото кое и така беше најавувано како скапо за Реал Мадрид по обидот да го добијат Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, стана уште поскапо откако Карим Бензема потврди дека заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Според британските медиуми, еден од главните кандидати за негова замена е Хери Кејн, иако Тотенхем остануваат на ставот дека нивниот рекорден стрелец не е на продажба, односно ќе бидат потребни над 100 милиони евра да се осигура неговиот потпис. За Кејн се заинтересирани и Манчестер јунајтед, но тешко е да се верува дека Тотенхем ќе дозволат засилување на директен ривал од Премиерлигата.

Реал исто така ја имаат предноста да имаат добра соработка со Тотенхем во текот на годините – Лука Модриќ, Џонатан Вудгејт и Герет Бејл се играчите кои преминаа од лондонскиот во мадридскиот клуб.

Друга опција е нигериската гол-машина на Наполи, Виктор Осимен, но тој има долгогодишен договор со италијанскиот клуб и би чинел повеќе од 120 милиони евра. Пред одлуката на Бензема, шпанските медиуми тврдеа дека тренерот Карло Анчелоти би сакал да го донесе Германецот Каи Хаверц од Челси.

Scroll to Top