Претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис ги предупреди ривалите од Интер дека сакаат да го „растурат“ неговиот тим со обидите да ги добијат најдобрите фудбалери, порачувајќи им дека тие не се нивни „супермаркет“.
Интер влегуваат во нова ера со поставувањето на Антонио Конте како тренер, но Лаурентис вели дека фудбалери треба да бараат на друго место.
„Моите луѓе ми велат дека Интер сакаат да ни го растурат тимот и ги побараа нашите најсилни фудбалери. Но, јас немам намера да продавам, ниту Пјотр Зиелински, ниту Лоренцо Инсиње. Ние не сме супермаркет, нашите фудбалери не се на продажба освен ако не купиме некој кој мислиме дека е достојна замена. Многу тимови бараат, но нема такво сценарио“, вели Лаурентис во интервју за „Кориере дела сера“.
Инсиње е посебно на мета на повеќе клубови, откако имаше нова добра сезона, со 14 гола и 6 асистенции во 41 меч. Но, во Наполи не мислат на продажба.