Top Sport

Неверојатно: Џошуа не се сеќава на ништо по третата рунда со Руиз!

Поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа не се сеќава на ништо по нокдаунот во третата рунда од поразот од Мексиканецот Енди Руиз Јуниор, открива неговиот агент Еди Херн.

29-годишниот Британец ги загуби трите светски титули во тешка категорија по изненадувачкиот пораз во Њујорк, откако судијата го прекина мечот во седмата рунда по четвртиот нокдаун во кој се најде Џошуа.

По поразот и по снимките кои се појавија на кои Џошуа изгледаше дезориентирано, сега промотерот Херн признава дека Џошуа не се сеќава на мечот по нокдаунот кој го доби во третата рунда.

„Тој не се сеќава на ништо по таа трета рунда. Всушност, тој најде и позитивни работи во тоа, бидејќи успеа да избоксува четири рунди кога, како што вели тој, ’сетилата не беа тука’. Судијата беше во право што го прекина мечот. Вчера ја гледав снимката и се виде како Ентони вели ’да’ и оди кон судијата, кој го прекинува мечот“, вели Херн.

Џошуа ќе добие шанса за ри-меч со Руиз Јуниор во ноември или декември.

Scroll to Top