Top Sport

Зинченко лани одби да биде продаден, сега доби нов договор со Сити

Украинскиот дефанзивец Олександер Зинченко потпиша нов петгодишен договор со Манчестер сити, откако Пеп Гвардиола сметал дека тој доволно се докажал во изминатата шампионска сезона.

22-годишниот Зинченко ја продолжува верноста на „граѓаните“ еден ден откако долгогодишен договор потпиша и англискиот десен бек Кајл Вокер. Иронично, Зинченко минатиот август беше договорен да замине во Вулверхемптон за 16 милиони фунти, но Украинецот реши да се бори за место во првиот тим.

„Не можам да најдам зборови колку сум среќен што го потпишувам овој договор. Нашиот клуб им нуди на фудбалерите сѐ што е потребно да се подобруваат и да се развиваат, така што тоа што сум тука уште пет години е вистинска чест“, вели Зинченко.

Scroll to Top