Top Sport

Де Лаурентис: Му посакувам добра работа и многу среќа на Руди Гарсија

Италијанскиот шампион Наполи доцна синоќа објави дека францускиот стратег Руди Гарсија ќе биде нов тренер на тимот. Претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, му посака добредојде на новиот тренер на „наполитанците“.

„Со задоволство можам да објавам дека по средбата и запознавањето со него во последните десетина денови, господинот Руди Гарсија ќе биде нов тренер на Наполи. Искрено му посакувам добра работа и многу среќа“, објави Де Лаурентис.

Руди Гарсија ќе го замени досегашниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, кој го водеше тимот од 2021 година и оваа сезона ја освои првата титула за „наполитанците“ во Серија А по повеќе од 30 години.

Scroll to Top