Top Sport

Нова сериозна санкција за Андреа Ањели

Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, е осуден од Италијанскиот национален федерален суд на 16-месечна забрана за активности поврзани со фудбалот и парична казна од 60.000 евра, објавија медиумите од Апенините.

Санкцијата е поврзана со истрагата против поранешниот шеф на Јувентус за манипулација со платите во клубот и се однесува на сезоните 2019/2020 и 2020/2021 година, како и на нерегулирани односи со фудбалски агенти и партнерства со други клубови.

Италијанските федерални обвинители првично бараа казна од 20 месеци.

Ова е првостепената одлука и откако ќе излезе одлуката на судот, Ањели ќе може да ја обжали до Апелациониот суд.

Казната ќе биде додадена и на двегодишната забрана што веќе ја доби поради манипулирање со капиталните добивки на Јувентус. Така, вкупниот период на одземање на правото за вршење фудбалска дејност на поранешниот шеф на „бјанконерите“ сега изнесува три години и четири месеци.

Scroll to Top