Top Sport

Де Лаурентис подготвил нов договор за Елмас

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис подготвил нов договор за Елиф Елмас. „Кориере дело Спорт“, пишува дека Наполи сака да го „врзе“ Елмас до 2028 година.

Дали Елмас ќе ја прифати понудата најмногу ќе зависи од тренерот Руди Гарсија. Кај наследникот на Лучано Спалети, од стартот на сезоната во Серија А, Елмас одигра само 21 минута. Минутажата е мизерна ако се знае дека во шампионската сезона на Наполи, Елмас беше трет стрелец во тимот. Пред него беа само оние кои се задолжени за постигнување голови, Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.

„Елмас во Скопје му покажа на Руди Гарсија кој е“, пишува локалниот медиум од Наполи, „Ил Матино“.

Елмас има договор со Наполи до јуни 2025 година, а за него има интерес од Ливерпул, Лајпциг, Борусија Дортмунд и од Интер.

Тој дојде во Наполи во летото 2019 година за 16 милиони евра, една година потоа потпиша нов договор за плата од 1,5 милиони евра.

Scroll to Top