Top Sport

Повредата ќе го спречи Адеми да игра против Малта

Аријан Адеми поради повреда на листот на ногата нема да биде во комбинација за настап вечерва против Малта, објави ФФМ.

Нашиот репрезентативец почувствувал болка веднаш после загревањето на синоќешниот тренинг на стадионот во Ла Валета.

Се работи за истата повреда поради која Адеми беше спречен да даде придонес и за мечот против Италија.

По ова, веројатно дека повторно Агон Елези ќе добие шанса во средниот ред, заедно со Енис Барди и со Јани Атанасов.

Scroll to Top