Top Sport

Де Лаурентис разочаран од продажбата на билети: Треба ли да го купам Милан?

Откако прво неговиот тренер Карло Анчелоти имаше лута изјава за состојбата на стадионот „Сан Паоло“, сега претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис изјави дека е разочаран од слабата посетеност на неговиот клуб, прашувајќи дали треба да го купи ривалот Милан.

И покрај тоа што последните две сезони беа на второто место во Серија А зад Јувентус, Наполи лани имаа само седма најдобра посетеност во лигата, со просек од 28.768 навивачи на стадион кој собира 55.000. Во споредба, Интер имаа 61.000 на „Сан Сиро“, а градските ривали Милан на истиот стадион собираа 54.000 и покрај слабата форма. Јувентус имаа просек од 39.000 навивачи, разбирливо за помал град како Торино.

Де Лаурентис вели дека Бари, вториот клуб кој го поседува, има продадено повеќе сезонски билети и покрај тоа што игра во Серија Ц.

„Не сфаќам зошто Бари би имал повеќе верни навивачи од Наполи, иако ја намаливме цената на билетите. Верувам дека во Неапол живееме со голема љубомора кон клубовите од северот и затоа има многу навивачи на Јувентус, Интер и Милан. Дали треба да го купам Милан за да ги усреќам?“, се прашува Де Лаурентис во интервју за „Кориере дело спорт“.

Scroll to Top