Top Sport

Де Лаурентис: Сари сакаше да го растури Наполи

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, уште еднаш упати жестоки критики кон поранешниот тренер Маурицио Сари, кој минатата недела се пресели во Челси.

„Не се согласувам дека двајцата грешевме. Мислам дека јас не направив ниту една грешка. Имаше договор, јас само можам да кажам дека се однесуваше недозволено, дека ќе напаѓаше играчите за кои мислеше дека не играат добро. Тие играчи многу му дадоа. Тој ги масакрираше на тренинзите, но тие секогаш добро реагираа“, рекол Де Лаурентис.

Претседателот на Наполи рекол дека Сари имал намера да го растури тимот и дека сакал да ги земе сите најдобри играчи. До сега Сари го зеде само Жоргињо.

„Сакаше целиот тим да го однесе во Англија и да го растури. Морав да седнам и тоа да го решам со Марина Грановскаја. Го сакаше Жоргињо и му го дадов откако разговарав со Анчелоти, бидејќи ми кажа дека повеќе ќе го игра Дијавара и дека сака Хамшик да игра повеќе во средината“, завршил Де Лаурентис.

Scroll to Top