Top Sport

Клоп го смени мислењето, сега Погба вреди 100 милиони

Кога Манчестер јунајтед решија да потрошат 100 милиони фунти за да го вратат Пол Погба од Јувентус, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше што да каже за сумата која е потрошена.

Клоп тогаш сметаше дека 100 милиони фунти се премногу за само еден фудбалер, но откако Ливерпул во последните седум месеци го купија најскапиот дефанзивец на светот, Виргил ван Дајк и најскапиот голман на светот, Алисон Бекер, ситуацијата се смени.

„Ако донесете еден фудбалер за 100 милиони евра и тој се повреди, сѐ отиде низ оџакот. Денот кога тоа ќе биде фудбалот, јас ќе бидам без работа, бидејќи овој спорт е за да се игра заедно. Другите клубови можат да одат да трошат повеќе пари и да ги собираат најдобрите играчи, но јас сакам работите да ги правам поинаку. Да ги имав тие пари ќе ги потрошев поинаку“, изјави тогаш Клоп.

Сега, Германецот вели дека ситуацијата е сменета и дека го сменил мислењето бидејќи е „подобро да го смениш мислењето, отколку воопшто да го немаш“.

„Има проблем, без разлика на кои ср.ња ќе ги кажеш, никој нема да ги заборави. Не можев да сфатам дека светот е променет. 100 милиони фунти беа луда цифра тогаш, но фудбалот се смени. Ние го имаме најскапиот голман и други убави мислења, Не се работи за тоа дали јас сакам да трошам многу пари – ако Ливерпул не се успешни мораме да работиме. Тоа чини пари. Не ни е грижа што мислат другите, исто како што на Манчестер јунајтед не му беше грижа што мислев и зборував јас“, изјави Клоп.

Клоп си ги „изеде зборовите“ – лани 100 милиони беа многу пари за еден играч

Scroll to Top