Top Sport

Де Лихт ќе ја пропушти Локомотива

Екипата на Јувентус вечерва без Матијас Де Лихт ќе гостува во Москва, кај Локомотив во Лигата на шампионите.

Холанѓанецот за чии услуги Јувентус летово платиле 75 милиони евра се повредил на последниот тренинг пред заминувањето за Москва.

Де Лихт ги повредил лигаментите на скочниот зглоб.

Ова е голем проблем за Маурицио Сари бидејќи во тимот поради повреда го нема ниту Џорџо Кјелини.

На оваа позиција тој ги има уште Дниеле Ругани и Мерих Демирал. Еден од нив двајца ќе му биде партнер во последната линија на Леонардо Бонучи.

Scroll to Top