Top Sport

Де Лихт: Прашајте го Тухел зошто не играм

Матијас Де Лихт (24) пристигна во Баерн за 67 милиони евра во јули 2022 година. Баерн го донесе холандскиот стопер од Јувентус и Де Лихт требаше веднаш да стане еден од најважните играчи на германскиот шампион.

Холанѓанецот беше стандарден кај Јулијан Нагелсман, но наследникот на младиот тренер, Томас Тухел, нема доверба во Де Лихт. Во централниот дел од одбраната предност имаат Умамекано и Ким. Де Лигт имаше пет настапи под водство на Томас Тухел оваа сезона и одигра 82 минути во лигата и Купот на Германија.

„Зошто не играм? Немам идеја, треба да го прашате тренерот. Правам се што бара Тухел, но во последните два натпревари одиграв десет минути и тоа во средниот ред”, изјави Де Лихт.

Спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, објасни за Билд: „Тој е многу важен за нашиот тим. Јасно е дека моменталната ситуација не претставува лесен предизвик за него, но убеден сум дека ќе има многу можности да игра во следните неколку месеци“.

Де Лихт ја започна својата кариера во Ајакс, а играше во Јувентус од 2019 до 2022 година. Досега за Баерн има 48 настапи и постигна три гола, а за холандската репрезентација на 42 натпревари постигна два гола.

Scroll to Top