Top Sport

Фудбалска револуција – Артета планира голмански измени во текот на натпреварот

Арсенал победи со 1:0 кај Евертон во петтото коло од Премиер лигата. Голот за победа го го постигна Леандро Тросард во 69. минута.

Против Евертон на голот на Арсенал Давид Раја кој летово пристигна од Брентфорд за 40 милиони фунти. Менаџерот Микел Артета го остави на клупата Арон Рамсдејл, кој дотогаш беше стандарден. Артета по натпреварот изјави дека претходно размислувал да ги смени голманите во текот на натпреварот за да се обиде да го промени текот на играта:

„Има работи за кои се каам. Тоа беше во два наврати, по 60. и по 85. минути игра на два натпревари. Можев да го сменам голманот и не го направив тоа, немав храброст да го направам тоа. Ремизиравме на тие натпревари и бев многу несреќен. Некој ќе го смени голманот за време на натпреварот и ќе биде чудно. Ќе се прашувате зошто, но кажи ми зошто да не?“, рече Шпанецот и дополни:

„Ако ги имате сите квалитети на друг голман да промените нешто, или ако нешто се случува на теренот и сакате да го промените текот на играта, тогаш направете го тоа. Жал ми е, сега чувствувам дека треба да ги ангажирам сите во мојот тим што можат да играат, без разлика на конкуренцијата. Тоа е мојата порака“.

За одлуката Раја да го почне натпреварот, а не Рајмсдел, Артета изјави дека бил зачуден кога го прашале зошто решил да ги смени голманите, а никогаш не го прашале кога ќе се реши да смени напаѓач или играч од средниот ред.

Scroll to Top