Најталентираниот дефанзивец на денешницата, Матијас Де Лихт, нема да го напушти Ајакс во земскиот преоден рок. Според холандските медиуми, тој решил да остане во Ајакс и да му помогне на клубот да ја одбрани шампионската титула во домашното првенство.
Манчестер Јунајтед, Барселона, Пари Сен Жермен се само некои од тимовите што не го кријат интересот за овој 19-годишен фудбалер. Цената што ја поставиле од Ајкас изнесува 50 милиони евра.
Оваа сума не претставува никаква пречка за наведените тимови.
Де Лихт, пред својот 20. роденден, веќе стигнал до бројката од 79 настапи за Ајакс и 11 за холандската репрезентација.