Top Sport

Де Лихт: Роналдо ми кажа да дојдам во Јувентус

Португалија синоќа го освои премиерното издание на Лигата на нации. Португалците во Порто ја победија Холандија со 1:0.

По завршувањето на мечот најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо се поздравил со противничките играчи, а имал интересна порака за 19 годишниот Матијас Де Лихт.

„Роналдо ми рече дека треба да потпишам за Јувентус. Поточно најпрвин ме праша дали ќе го направам тоа. Бев шокиран од прашањето и поради тоа се смеевме. Не го разбрав на почетокот, но потоа беше многу појасен“, рекол Де Лихт.

Младиот дефанзивец рекол дека заминува на одмор каде ќе има доволно време да размисли за иднината.

Интерес за Де Лихт покрај Јувентус покажуваат Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Scroll to Top