Top Sport

Јуве за СМС нудат пари + Спинацола и Ромеро

Јувентус ќе го обноват интересот за фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Како што објави „Кориере дело Спорт“, челниците на Јувентус за Србинот биле подготвени да понудат неколку играчи и одредена сума на пари.

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, минатиот преоден рок ги одби сите понуди за српскиот репрезентативец, но во Торино се надеваат дека тој ќе го прифати нивниот предлог.

Наводно, Јувентус се обидуваат да ја завршат работата околу овој трансфер бидејќи Леонардо се враќа на местото спортски директор во ПСЖ и тој сигурно ќе се обиде да го донесе Србинот на „Паркот на Принцовите“.

Јувентус би издвоиле помеѓу 50 и 70 милиони евра и во Лацио би ги испратиле Леонардо Спинацола и Кристијан Ромеро.

Србинот оваа сезона е прогласен за најдобар играч од редот за врска во Серија А.

Scroll to Top