Top Sport

Де Лихт уште четири години во Јувентус

Италијанскиот калчолигаш Јувентус е блиску до продолжување на договорот со холандскиот стопер Матијс де Лихт. Торинскиот клуб во него гледа лидер на одбраната и иден капитен.

По заминувањето на Џорџо Киелини, капитенската лента ќе ја преземе Леонардо Бонучи (35), но Де Лихт е проект за иднината на Јувентус и овој потпис е една од најважните клупски акции во пресрет на летниот преоден рок.

Тој ќе потпише договор до 2026 година. Преговорите се во завршна фаза и соработката ќе продолжи и во следните четири години.

Еден од најдобрите млади стопери во светот дојде во Јувентус од Ајакс за 75 милиони евра, а до неодамна се споменуваше дека би можел да замине во Манчестер Јунајтед. Таму нов менаџер ќе биде Ерик тен Хаг, со кого Де Лихт успешно соработуваше во Ајакс.

Scroll to Top