Top Sport

Де Лихт вечерва ќе одлета за Минхен, утре потпишува за Баерн

Холандскиот репрезентативец Матијс де Лихт вечерва ќе отпатува за Минхен за да го финализира трансферот во Баерн. Баварците доцна синоќа постигнаа договор со Јувентус за трансфер на 22-годишниот дефанзивец.

„Старата дама“ за фудбалерот ќе добие 70 милиони евра, како и уште 10 милиони евра во вид на бонуси.

Во моментов се разработуваат конечните детали меѓу агентот на Де Лихт, Рафаела Пимента, и раководството на клубот од Торино, по што тој ќе одлета за Минхен.

Лекарските прегледи за Де Лихт се закажани за утре наутро, по што ќе потпише петгодишен договор со Баерн. Неговата плата ќе биде 12 милиони евра по сезона.
Во вторник навечер дефанзивецот ќе отпатува за САД за да им се придружи на новите соиграчи кои се на турнеја преку океанот.

Scroll to Top