Холандскиот фудбалер од средниот ред на Аталанта, Мартен де Рон не успеа да го исполни ветувањето и да купи пица за 1.000 луѓе откако неговиот клуб беше елиминиран од Пари Сен-Жермен во драматичното четврт-финале од ЛШ, а исто така стана „инстант“ ѕвезда на Интернет со видеото во кое Нејмар му ја протнува топката низ нозе.
Сепак, тој очигледно не се срами од тоа и на сопствениот Твитер профил објави видео со порака: „Нејмар и Де Рон, љубовна приказна“, во кое се гледа како по овој потег на Бразилецот, тој убаво го „начека“ најскапиот фудбалер на светот.
Neymar & De Roon. A love story. pic.twitter.com/GPxNpyb3zi
— Marten de Roon (@Dirono) August 13, 2020