Top Sport

Де Роси го отвори срцето: Никој нема да ја сака Рома како мене

Даниеле де Роси напиша емотивно отворено писмо до навивачите пред неговиот последен меч во дресот на Рома порачувајќи дека „никој нема да те сака повеќе од мене“.

Неделниот меч против Парма на „Олимпико“ го одбележува крајот на кариерата која започна уште како дете, и според последните вести, може да биде негов последен меч како фудбалер. Тој никогаш не зажали што не потпиша за друг клуб и побара навивачите да не се лутат на претседателот Џејмс Палота, ниту на луѓето во клубот, кои несфатливо не му понудија нов договор.

„ – Зошто си насмеан, момче?

– Среќен сум!

– Зошто си среќен?

– Имам дрес на Рома.

– Нели е фалсификат?

– Не, само мојата тетка ми го соши бројот.

– Што ако ти кажам дека ќе го носиш над 600 пати.

– Јас би бил среќен само со еден меч.

Погледнувајќи ја оваа фотографија, сфаќам колку сум среќен, среќа која никогаш не ја сфаќав здраво-за-готово и среќа за која вечно ќе бидам благодарен. Патот беше долг, интензивен и секогаш придружен со љубов кон тимот. Дозволете се да се заблагодарам на Рома која ја познавам: семејството Сенси, претседателот Палота. Сите мажи и жени кои работат во Тригорија. Тренерите кои ме воделе, и од кои научив многу, без исклучок. Медицинскиот тим кој се грижеше за мене, моите соиграчи, кои се како семејство за мене. Благодарам и на Франческо (Тоти). Ја добив капитенската лента од мојот брат, од голем капитен и од најневеројатниот човек кој сум го видел во овој дрес. Ретко кој има шанса да игра 16 години покрај својот идол. Ја враќам капитенската лента со почит кон Алесандро. Најголемиот подарок кој можете да ми го дадете е да го ставите бесот на страна и да се обедините пред нашиот тим, пред тоа што доаѓа пред сè: Рома. Никој нема да те сака повеќе од мене. Ариведерчи“, се вели во писмото на Де Роси.

Scroll to Top