Top Sport

Финците ја шокираа „зборнаја“ за светско финале! (видео)

Капитенот на Финска, Марко Антила го постигна единствениот гол на 9:42 пред крајот на последната третина за импресивна 1:0 победа над ѕвездената Русија предводена од Александер Овечкин во полуфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз во Словачка.

Покрај Антила, херој на Финците беше голманот Кевин Ланкинен, кој ги одбрани сите 32 удари на руските хокеари, за да постави финале против подобриот од дуелот меѓу Канада и Чешката Република.

Русија влезе во мечот со осум победи во низа на турнирот и 40 голови, но со Овечкин, Евгениј Малкин и Иља Ковалчук во тимот не успеа да постигне гол во „Ондреј Непела арената“ во Братислава. Финците, пак, сега одат на прва титула од 2011 година, кога исто така победија во Словачка.

Scroll to Top