Top Sport

Де Роси ја одложи пензијата, ќе игра во Аргентина

Легендата на Рома Даниеле Де Роси сепак нема да стави крај на кариерата. Де Роси пред крајот на минатата сезона одлучи да ја напушти Рома, а потоа објави и дека ќе се пензионира. Вечерва „Скај Спорт“ објави дека светскиот првак со Италија од 2006 година ќе одигра барем уште една сезона.

Според овој извор Де Роси ја прифатил поканата на својот поранешен соиграч од Рома, Николас Бурдисо, да му се приклучи во Бока Јуниорс. Инаку, Бурдисо, сега е спортски директор на аргентинскиот великан.

Интерес за Де Роси покажаа два клуба од Серија А, Фиорентина и Сампдорија.

Scroll to Top