Top Sport

Црвена ѕвезда ја мина Судува, понатаму оди и Валета (Видео)

Познати се имињата на шест тима кои ќе продолжат понатаму во квалификациите во Лигата на шампионите, меѓу нив ја нема Шкендија. Македонскиот шампион доживеа шокантна елиминација од Номе Калју.

Црвена ѕвезда ја оправда фаворитската улога против Судува. Во Белград српскиот првак славеше со 2:1, откако првиот меч заврши 0:0. Боаче и Марин ги постигна головите за Црвена ѕвезда, а во самиот финиш во 96 минута конечниот резултат го постави Топчагиќ.

Мечот го обележа грубиот старт на Гобељиќ кој доби директен црвен картон.

Противник на Црвена ѕвезда во наредната рунда ќе и биде ХЈК од Финска. Финците во реваншот на домашен терен одиграа 2:2 со Торшван, но пресуден првиот меч и победата на ХЈK од 3:1.

Претставник во наредната фаза ќе има и Малта. Валета и Дуделанж одиграа 1:1, а шампионот на Малта оди понатаму бидејќи првиот меч заврши 2:2. Валта за противник во наредната фаза ќе го има тимот на Номе Калју.

Косовскиот првак Фероникел не успеа во реваншот против ТНС од Велс, иако од првиот меч имаше резултат 2:2. Во Приштина шампионот на Велс победи со минимален резултат 1:0.

Шериф од Молдавија не успеа да приреди чудо против Субиртало Тбилиси. Откако Грузијците забележаа сензационална победа во Молдавија 3:0, во реваншот во Тбилиси играчите на Шериф негативата ја анулираа во првите 11 минути, но до крајот не успеаја да постигнат ниту еден гол, додека домаќините преку Роловиќ еднаш ја погодија нивната мреже и се пласираа понатаму.

Натпреварите од наредната рунда ќе се играат на 23/24 јули, а реваншите на 30/31 јули.

Scroll to Top