Top Sport

Ужасен старт на Гобељиќ (Вознемирувачко видео)

Реванш натпреварот помеѓу Црвена ѕвезда и Судува, во Лигата на шампионите, го обележа катастрофалниот потег на десниот бек на домашниот тим Марко Гобељиќ.

По еден час игра, кога неговиот тим имаше сигурна предност од 2:0, а противникот ниту во еден момент не се закани, тој се реши за лизгачки стар, со кој му нанесе тешка повреда на 33 годишниот летонски репрезентативец Гваидас Славицкас.

Играчот на Судува се здоби со тешка повреда на левата нога, веројатно станува збор за фрактура на потколеницата.

За овој старт „за в затвор“ Гобељиќ доби директен црвен картон.

фото/starsport

Scroll to Top