Даниеле Де Роси, легендата на Рома, ќе започне со тренерската кариера. Де Роси влегува во стручниот штаб на италијанската репрезентација и е биде еден од помошниците на селекторот Роберто Манчини.
„Горд сум што ќе ја започнам тренерската кариера во репрезентацијата. Многу сум благодарен за довербата шти ја добив од претседателот Гравино и селекторот Манчини“, рекол Де Роси.
Даниеле Де Роси 117 пати бил репрезентативец на Италија. Во 2006 година се закити со светската титула.
Квалификациите за пласман на Светското првенство Италија ќе ги отвори на 25.март против Ирска, а потоа ќе гостуваат во Бугарија и Литванија.