Top Sport

Де Роси како пензионер ја освои првата лигашка титула

Даниеле Де Роси е легенда на Рома. Тој речиси целата своја кариера ја мина на „Олимпико“. За 15 години со Рома не успеа да ја освои шампионската титула во Италија. Има светска титула со Италија од 2006 година, а со Рома два пати бил победник во Купот на Италија.

Покрај во Рома, Де Роси во кариерата играше уште само за аргентинскиот великан Бока јуниорс. Во јули 2019 година тој реши да си ја исполни желбата и да го облече дресот на Бока јуниорс.

Во Буенос Аирес се задржа шест месеци, а на 6 јануари 2020 година објави крај на кариерата. Сепак престојот во Аргентина му се исплатеше бидејќи и тој ќе добие медал за трофејот во Суперлигата на Аргентина кој во неделата и припадна на Бока јуниорс.

Во шокантна завршница на првенството Бока славеше на Химназија, а бидејќи Ривер Плата одиграа нерешено со Атлетико, поранешниот тим на Де Роси со поен повеќе од најголемиот ривал ја заврши сезоната.

Scroll to Top