Top Sport

„Во Бразил ме викаат Халандињо“

Борусија Дортмунд во среда ќе ја брани предноста која ја стекна по првата осмина-финална пресметка со Пари Сен Жермен. Пред три недели „милионерите“ победија со 2:1. Головите за Дортмунд ги постигна Ерлинг Халанд, додека стрелец за ПСЖ беше Нејмар.

Во среда на „Паркот на Принцовите“ ПСЖ и Борусија ќе играат без присуство на навивачи, бидејќи градските власти поради опасноста од ширењето на коронавирусот го затворија стадионот.

Иако ќе нема публика на трибините очите на навивачите на Дортмунд ќе бидат вперени во норвешкото чудо од дете. Халанд досега има одиграно девет натпревар за „милионерите„“ на кои постигнал девет гола.

Неговата форма оваа сезона направи од него вистинска фудбалска ѕвезда. Поради тоа не чуди што е магнет за новинарите.

Во пресрет на реваншот со ПСЖ говорел на неколку теми дури е се пошегувал на своја сметка.

„Сакам да гледам други напаѓачи и да учам од нив. ПСЖ има сјајни фудбалери, најистакнати се Најмар и Мбапе. Ние имаме добар тим, имаме квалитет да ја минеме ова фаза, но тоа треба да го покажеме на теренот. Нејмар ќе биде најголемата опасност, тој е голем мајстор. Бразил секогаш имал одлични напаѓачи, тоа е замја на фудбалот. Слушнав дека мене во Бразил ме викаат Халандињо“, со насмевка на лицето рекол Халанд.

Дуелот ПСЖ-Борусија се игра во среда со почеток во 21 часот.

Scroll to Top