Италијанскиот ветеран Даниеле Де Роси ќе остане во Бока Јуниорс најмалку до декември наредната година, објавија аргентинските медуми.
Де Роси се мачи со повредите поради што има одиграно само пет натпревари за Бока Јуниорс. Се шпекулираше дека поради тоа тој ќе го раскине договорот и ќе се врати во Рома, каде му било понудено место во младинските категории.
36 годишниот играч треба да има состанок со спортскиот директор Николас Бурдисо, меѓутоа медиумите објавија дека без оглед на тоа како ќе се развива ситуацијата тој ќе остане во Бока.
Де Роси е легенда на Рома, тој 18 години го носел дресот на овој клуб, а од летово е играч на Бока Јуниорс.