Top Sport

Де Роси во Рома до крајот на кариерата

Најискусниот играч на Рома, Даниеле Де Роси, ќе го продолжи договорот до 2020 година и веројатно на „Олимпико“ ќе ја заврши кариерата, пренесе „Спорт медиасет“.

Актуелнот договор на 35-годишниот фудбалер важи до крајот на оваа сезона, а тој веќе се согласил за двојно помала плата да потпише нов договор. Според новиот договор негвата годишна плата ќе изнесува три милиони евра.

Де Роси е наследникот на Франческо Тоти, играч кој целата своја кариера ја минува во Рома. Де Роси е во Рома од својата седма година, а во изминатите 18 години има освоено само три трофеи (два во Купот и еден во Суперкупот на Италија).

Со одиграни 588 натпревари се наоѓа на второто место на вечната листа, зад Тоти (786). За италијанската репрезентација одиграл 117 натпревари, постигнал 21 гол. Тој е дел од златната генерација што во 2006 година во Германија ја освои светската титула.

Scroll to Top