Атлетико Мадрид потврдија дека планираат да ја тужат Барселона и Антоан Гризман околу трансферот на Французинот на „Ноу Камп“ кој беше потврден денеска, откако Барселона плати 120 милиони евра да се активира клаузулата во неговиот договор.

Атлетико потврди дека клаузулата е исплатена, но сметаат дека Барселона треба да платат 200 милиони евра, колку што беше висината на клаузулата пред Гризман да го потпише новиот договор.

„Антоан Гризман во присуство на неговите адвокати се појави во седиштето на Фудбалската лига на професионалци (ЛФП) за да го поништи договорот кој го обврзуваше фудбалерот со Атлетико Мадрид, со уплата на 120 милиони евра. Атлетико смета дека висината на депозитот е недоволна бидејќи е очигледно дека договорот меѓу фудбалерот и Барселона е постигнат пред намалувањето на клаузулата од 200 на 120 милиони евра. Тоа беше пред датумот кога фудбалерот објави дека ќе замине од клубот на 14 мај. Сметаме дека прекинот на договор се случил пред крајот на минатата сезона, и ќе ги активираме потребните процедури да се заштитат нашите права“, се вели во соопштението.

Атлетико тврдат дека биле информирани од Гризман дека сака да замине на крајот на сезоната, но веруваат дека преговорите биле направени претходно.

Заврши сагата, Барселона го потврди доаѓaњето на Гризман за 120 милиони евра